Фудбалот во Европа може да се запре целосно до септември, бидејќи пандемијата на коронавирус продолжува да влијае на агендата на домашни и меѓународни натпревари.
Англиската Премиер лига во петокот објави дека сите натпревари ќе бидат прекинати до април. Според „Индипендент“, слична одлука би можела да се донесе и во вторник во УЕФА.
УЕФА веќе го потврди откажувањето на натпреварите во Лигата на шампиони и Лига Европа, додека шпанската Ла Лига, германската Бундес лига, италијанската Серија А и француската лига 1 се суспендирани до одреден рок, по што нема закажани натпревари.