Author: saso

35-годишниот напаѓач на Јувентус, Кристијано Роналдо изјави дека се надева дека ќе одигра уште 1000 натпревари во својата кариера, откако стигна до бројката од 1000 токму со вчерашната победа од 2:0 над Интер во големото дерби во Серија А. Португалецот има 725 голови и 253 асистенции, од кои 99 гола се за репрезентацијата. Во својата богата кариера, Роналдо играше за Спортинг (Лисабон) , Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. „Ова е добра бројка. 1000 натпревари значи посветеност, напорна работа и талент кој се исплати. Благодарност до сите мои соиграчи, тренери, моето семејство, моите пријатели и сите мои фанови кои тие ми…

Read More

Тенискиот Мастерс во Индијан Велс е откажан поради коронавирусот, соопштија организаторите на турнирот. Турнирот во калифорниската „пустина“ требаше да започне во четврток, но поради ширењето на коронавирусот, тој нема да се одржи. „Премногу е голем ризикот за здравјето на населението за да одржи турнир од оваа големина. Не е во интерес на навивачите, играчите и локалното население да се одржат турнирот. Сите ние треба да се обидеме да ја заштитиме заедницата од заразата”, се вели во изјавата на организаторот. Дејвид Агус.

Read More

Само една недела по големиот триумф на „Ел Класико“, играчите на Реал Мадрид синоќа дозволија со пораз на гостувањето кај Бетис, повторно да ја вратат Барселона на челното место во Ла Лига. Капитенот Серхио Рамос прв даде изјава веднаш по завршувањето на средбата во Севиља, истакнувајќи дека ова беше една очајна престава на тимот. „Резултатот е повеќе од праведен. Мора да бидеме самокритични, ова беше очајна игра. Кога работите не ги правите на теренот онака како што тренираме цела седмица, на крајот се случува ова. Бетис го играше својот фудбал, бевме многу неконстантни. Моравме да имаме поголем интензитет на ваков…

Read More

Ракометарите на Вардар успеаја да слават на првиот меч од четврфиналниот двобој со Нексе за пласман на завршниот турнир во СЕХА лигата. „Црвено-црните“ го скршија отпорот на противникот во вториот дел, но има доста работи кои треба и мора да ги поправат, а тоа го потенцираше и голманот Борко Ристовски по средбата. „Кога е во прашање нашата игра не можеме да бидеме презадоволни, имаме да поправиме многу работи. Пред се во одбраната, да бидеме подобри за реваншот во Скопје. Кога се ќе се земе во предвид, првото полувреме беше солидно за нас што се однесува резултатски, ама играчки мораме многу…

Read More

Тренерот на Интер, Антонио Конте, призна дека неговиот тим треба да работи уште многу за да го стигне Јувентус. По поразот од 2:0 на гостувањето во Торино, Конте беше реален. „Натпреварот беше израмнет до првиот гол. Всушност, го започнавме второто полувреме подобро, но ударот на Рамзи смени сè, особено психолошки. Им даде самодоверба на противниците и ја уништи нашата. После тоа не можевме да се собереме. Разликата меѓу нас и Јувентус, ако не го сметаме одложениот натпревар со Сампдорија, е 6 бода. Се обидовме да се движиме со нивно темпо, но мора да извлечеме заклучоци од овие два порази. Тие…

Read More

Тренерот на Јувентус, Маурисио Сари, извади прилично интересна постава на дербито со Интер, но на крајот неговата одлука се покажа како добар потег и „бјанконерите“ победија со 2:0. Даглас Коста и Гонзало Игуаин започнаа во нападот, Хуан Квадрадо беше вратен како резерва, а Пауло Дибала остана на клупата. „Ја разгледавме оваа опција со мојот штаб вчера, затоа што ако го нападнавме со Квадрадо на нападот, тоа би значело Коста и Игуаун да останат на клупата. Затоа, решивме да започнеме со нашата тајна врска. Ова е важна победа, но остануваат уште 12 натпревари, така што имаме уште долг пат. Нашата изведба…

Read More

Финалето на Светското првенство во алпско скијање кое требаше да се одржи во Кортина д’Ампецо е откажано поради ширењето на коронавирусот, соопшти синоќа Италијанската федерација за зимски спортови (ФИСИ). „Со жалење ја донесовме оваа одлука“, рече претседателот на ФИСИ, Флавио Рода. Финалето на скијачката сезона беше планирано во периодот од 18 до 22 март. Машката сезона ќе биде заокружена со настаните овој викенд во Квитфјел, Норвешка, и следниот викенд во Крањска Гора, Словенија.

Read More

Доминик Калверт-Левин вчера го продолжи договорот со екипата на Евертон. Новата соработка меѓу двете страни е продолжена за 5 години. Еден од најперспективни млади напаѓачи на Островот, сега е под договор со „карамелите“ до јуни 2025 година. Тој на последните 10 натпревари во Премиерлигата постигна осум гола и е водечки стрелец во периодот од нова година, па досега. 22-годишниот играч има 76 натпревари во дресот на Евертон, откако се пресели во Ливерпул од Шефилд Јунајтед во август 2016 година.

Read More

Шпанскиот шампион Барселона може да остане практично без комплетната одбрандбена линија на следниот натпревар во лигата, бидејќи тројца дефанзивци кои се стартери во тимот, денеска мора да бидат многу внимателни на средбата со Реал Сосиедад. Левиот бек Алба и двајцата централни дефанзивци Самјуел Умтити и Климент Ленгле се под закана за суспензија, доколку денеска добијат нови предупредувања. Проблемите во одбраната на Барса се поголеми ако се знае дека Серхио Роберто е повреден, а Тодибо замина во Шалке за вториот дел од сезоната.

Read More

Францускиот шампион требаше да патува за Стразбур каде денеска требаше да игра со домашниот тим во попладневниот термин од 17.30 часот. Сепак, ширењето на вирусот ги принуди властите да го откажат натпреварот. Вчера имаше најмалку 49 потврдени случаи на заболувања во регионот, што доведе до откажување на неколку јавни прослави во Стразбур. Лига 1 во потврди дека натпреварот ќе биде одложен за подоцнежен датум.

Read More