Доминик Калверт-Левин вчера го продолжи договорот со екипата на Евертон. Новата соработка меѓу двете страни е продолжена за 5 години.
Еден од најперспективни млади напаѓачи на Островот, сега е под договор со „карамелите“ до јуни 2025 година. Тој на последните 10 натпревари во Премиерлигата постигна осум гола и е водечки стрелец во периодот од нова година, па досега.
22-годишниот играч има 76 натпревари во дресот на Евертон, откако се пресели во Ливерпул од Шефилд Јунајтед во август 2016 година.