Тенискиот Мастерс во Индијан Велс е откажан поради коронавирусот, соопштија организаторите на турнирот.
Турнирот во калифорниската „пустина“ требаше да започне во четврток, но поради ширењето на коронавирусот, тој нема да се одржи.
„Премногу е голем ризикот за здравјето на населението за да одржи турнир од оваа големина. Не е во интерес на навивачите, играчите и локалното население да се одржат турнирот. Сите ние треба да се обидеме да ја заштитиме заедницата од заразата”, се вели во изјавата на организаторот. Дејвид Агус.

