Финалето на Светското првенство во алпско скијање кое требаше да се одржи во Кортина д’Ампецо е откажано поради ширењето на коронавирусот, соопшти синоќа Италијанската федерација за зимски спортови (ФИСИ).
„Со жалење ја донесовме оваа одлука“, рече претседателот на ФИСИ, Флавио Рода.
Финалето на скијачката сезона беше планирано во периодот од 18 до 22 март. Машката сезона ќе биде заокружена со настаните овој викенд во Квитфјел, Норвешка, и следниот викенд во Крањска Гора, Словенија.