Тренерот на Интер, Антонио Конте, призна дека неговиот тим треба да работи уште многу за да го стигне Јувентус. По поразот од 2:0 на гостувањето во Торино, Конте беше реален.
„Натпреварот беше израмнет до првиот гол. Всушност, го започнавме второто полувреме подобро, но ударот на Рамзи смени сè, особено психолошки. Им даде самодоверба на противниците и ја уништи нашата. После тоа не можевме да се собереме. Разликата меѓу нас и Јувентус, ако не го сметаме одложениот натпревар со Сампдорија, е 6 бода. Се обидовме да се движиме со нивно темпо, но мора да извлечеме заклучоци од овие два порази. Тие треба да ни помогнат да израснеме и да видиме до каде сме. Не треба да очајуваме, бидејќи беше јасно дека има разлика меѓу двете екипи“, рече Конте.