Ракометарите на Вардар успеаја да слават на првиот меч од четврфиналниот двобој со Нексе за пласман на завршниот турнир во СЕХА лигата. „Црвено-црните“ го скршија отпорот на противникот во вториот дел, но има доста работи кои треба и мора да ги поправат, а тоа го потенцираше и голманот Борко Ристовски по средбата.
„Кога е во прашање нашата игра не можеме да бидеме презадоволни, имаме да поправиме многу работи. Пред се во одбраната, да бидеме подобри за реваншот во Скопје. Кога се ќе се земе во предвид, првото полувреме беше солидно за нас што се однесува резултатски, ама играчки мораме многу да поправиме“, истакна Ристовски.
Борко синоќа го имаше првиот настап во дресот на Вардар по враќањето во клубот.