Шпанскиот шампион Барселона може да остане практично без комплетната одбрандбена линија на следниот натпревар во лигата, бидејќи тројца дефанзивци кои се стартери во тимот, денеска мора да бидат многу внимателни на средбата со Реал Сосиедад.
Левиот бек Алба и двајцата централни дефанзивци Самјуел Умтити и Климент Ленгле се под закана за суспензија, доколку денеска добијат нови предупредувања.
Проблемите во одбраната на Барса се поголеми ако се знае дека Серхио Роберто е повреден, а Тодибо замина во Шалке за вториот дел од сезоната.