Горан Пандев беше јунакот на Џенова во победата над Милан во вчерашното коло од италијанското калчо. Во изјава за клупскиот веб сајт, нашиот најдобар фудбалер вели дека оваа победа е вредно одработена, а сите во тимот треба да останат смирени и да продолжат со напорната работа за да се исполни планираната цел.
„Ова е важна победа во посебен момент. Мистер Никола ја задржа тензијата на високо ниво и успеавме да победиме заслужено против одличен тим. Со право размислувавме само на теренот, затоа што не е наша работа да одлучуваме дали ќе играме или не. Едноставно треба да останеме обединети, мирни и спокојни“, вели нашиот голгетер.