Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, го спореди голманот Јан Облак со Лионел Меси, заради степенот до кој тој влијае на перформансите на тимот. Очекувањата дека Облак ќе стане еден од главните играчи во реваншот од Лигата на шампионите беа целосно оправдани. Тој дозволи само еден гол во регуларниот дел од мечот и го донесе Атлетико до продолженија.
„Несомнено Облак е најдобриот голман на светот. Тој е многу важен за нас. Во Барселона, тие го имаат Меси кој ја прави разликата. За нас тоа е Облак. Играта со 5-4-1 требаше да ни дозволи добар контра напад. Тоа и го направивме“, изјавил по средбата Симеоне.