28-годишниот играч од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин Де Бруине поради повреда на грбот најверојатно ќе го пропушти натпреварот од 29-то коло од англиската Премиер лига со Манчестер Јунајтед.
Ова го изјави менаџерот на „граѓаните“, Хосеп Гвардиола по натпреварот од 1/8-финалето на ФА Купот со Шефилд Венсдеј (1:0).
„На тренинзите, Кевин падна лошо и почна да има проблеми со грбот. Не знаеме колку долго ќе биде надвор, но се надеваме дека тоа нема да биде предолг период“, вели Гвардиола.
Натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити ќе се одигра на стадионот „Олд Трафорд“ во недела, на 8 март.

