Атлетико Мадрид не се откажал од идејата да го ангажира играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Хамес Родригез. „Јорганџиите“ се интересираа за Колумбиецот во текот на летото, но тогаш Реал реши да го задржи.
Оваа сезона, сепак, тој ретко е во изборот на Зинедин Зидан и скоро сигурно ќе побара трансфер.
„Минатото лето дека Атлетико сакаше да го купи Хамес Родригез. Сепак, трансферот беше запрен затоа што Атлетико премногу често почнаа да го победуваат Реал Мадрид, а по продажбата на Маркос Љоренте, „кралевите“ не сакаа дополнително да го засилат градскиот ривал. Сепак, Атлетико сега планира да направи уште еден обид да го привлече во текот на летото“, пишува шпански „АС“.