Менаџерот на Челси, Франк Лампард, беше навистина горд на победата на неговиот тим од 2-0 над Ливерпул во ФА Купот. Тој зборувае во суперлативи за своите играчи и за нивниот настап во овој натпревар.
Според него, ова е посебна победа и тој е навистина горд.
„Јас сум многу горд бидејќи Ливерпул е најдобриот тим во Англија. Тие и Манчестер Сити го докажаа ова последниве години. Но, она што го прават Ливерпул оваа сезона е неверојатно. Да се покаже ваква игра, фокус, решеност, е нешто посебно. Знаеме дека имаме уште многу работа и треба да направиме долг пат да одиме таму каде што сакаме да одиме, но мора да уживаме во ваквите натпревари. Вториот гол беше многу важен затоа што знаеме колку е опасен Ливерпул во последните минути“, рече Лампард.

