Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, изјави дека е презадоволен од настапот на неговите момци на синоќешниот реванш меч од Лигата на Европа, победата од 5:0 над Бриж и пласманот во соминафиналето.
„Она што најмногу ме радуваше беше фудбалот што Манчестер Јунајтед го одигра и кој наликуваше на оној Манчестер кој сите го познаваат. Започнавме добро, игравме со добро темпо и постигнавме неколку одлични голови. Игало даде добар пример за тоа што да очекувам од него. Ако денес го немаше Игало, Гринвуд ќе мораше да игра, а во недела го имаме следниот меч, а потоа играчот ќе беше уморен. Сите знаеја дека ќе добиеме многу со потпишување на Игало“, вели Солскјер.