Германскиот шампион Баерн (М) на својата официјална веб-страница објави почеток на партнерство со меѓународната технолошка компанија „Гугл“.
„Како водечки технолошки бренд, Гугл постојано иновира и создава нови производи за постојано менување на пазарот, слично на длабоко вкоренетите вредности на нашиот клуб“, рече Рудолф Видал, претседател на германскиоит гигант.
„Задоволни сме што ја направивме оваа соработка за време на одбележувањето на нашата 120-годишнина и очекуваме плодна соработка“, дополнил тој.
Како дел од партнерството, Гугл започнува кампања посветена на 120-годишнината на клубот, каде навивачите на Баерн можат да гласаат за најемотивниот момент во историјата на клубот со помош на пребарувањата на Гугл.