Челзи повторно се соочува со проблеми. Менаџерот на тимот Френк Лампард, во пресрет на гостувањето кај Бурнмаут, потврди дека напаѓачот Тами Абрахам ја обновил повредата на скочниот зглоб.
„Се трудиме да пронајдеме решение, очигледно е дека сето ова е фрустрирачко, тој само што се врати од повредата, а повторно се здоби со истата“, изјави Лампард.
Абрахам нема да биде во комбинација во наредните неколку дена, се додека лекарите не потврдат дека е подготвен да се врати на тренинзи.

