Македонската фудбалска репрезентација остана на 68. место на новата ФИФА листа. На еден месец пред дуелот со Косово во полуфиналните дуели од Лигата на Нации, избраниците на Игор Ангеловски кои во изминатиов период немаа настапи, останаа и со истото бодовно салдо – 1347 бода.
Косово на февруарската листа на ФИФА се наоѓа на 115. место со 1174 бода.
На февруарското рангирање нема промени во ТОП 10 листата. Таму на врвот и натаму е Белгија, пред Франција и Бразил.