Тренерот на РБ Лајпциг, Јулијан Нагелсман ги пофали своите играчи за победата од 1:0 над Тотенхем во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите. Германскиот тим успеа со гол од пенал на Тимо Вернер да дојде до голема гостинска победа.
„Стадионот на Тотенхем е импресивен. Во првите 10 минути навивачите беа многу бучни. Драго ми е што учествувавме во еден ваков натпревар. И јас сум уште позадоволен што победивме“, рече Нагелсман.
„Ветувам дека ќе играме офанзивно и во вториот натпревар. Лаимер има проблеми со левата рака, но ќе видиме како ќе се чувствува во наредните денови“, додаде менаџерот на германскиот тим.

