По последните скандали меѓу sвездите на Барселона и клупските шефови почнаа гласини за заминување на капитенот Лионел Меси. Американски Лос Анџелес Галакси веќе сериозно размислува да достави добра понуда до агентот на Меси. Раководството на американскиот клуб го контактирал таткото на 32-годишниот капитен на „блауграна“, но нема информација за конкретната финансиска понуда.
Галакси има слободни финансии откако тимот го напушти Златан Ибрахимовиќ на крајот на 2019 година, па нема да му биде проблем да ги реинвестира во мега-ѕвездата на светскиот фудбал.