Author: saso

NBA

Кошаркарот на Лос Анџелес Клиперс, Пол Џорџ, ја обнови повредата на задната ложа на синоќешниот меч со Бостон и прашање е колку ќе биде периодот на новата рехабилитација. Џорџ истиот проблем го има по третпат оваа сезона, поради што претходно пропушти вкупно десет натпревари. „Загрижен сум. Ова веќе се случува по не знам кој пат. Не знам што да правам, мора да почекаме и да ја согледаме ситуацијата”, рече тренерот на Клиперс, Док Риверс.

Read More

11 македонски каратисти денеска ги почнуваат настапите на вториот турнир на Карате 1 Премиер Лигата во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. Од овој турнир стартуваат и Емил Павлов и Жарко Арсовски кои на премиерното изднаие во Париз не настапија. Покрај нив ќе настпат и Фери Исиќ и Пуликсенија Јованоска во кати, Берат Јакупи, Ангела Мојсовска, Петар Спасеновски, Моника Стефановска, Наташа Стефановска, Симона Заборска и Петар Заборски во борби. Натпреварите ќе траат до недела со учество на 594 каратисти од целиот свет. Премиер лигата во Дубаи е последна проверка за нашите сениори пред Европското првенство кое оваа година се одржува од 25…

Read More

Европскиот кошаркарски шампион ЦСКА Москва и еден од најдобрите кошаркари во тимот оваа сезона, Даниел Хакет се согласија да ја продолжат соработката. Според информациите од Русија, двете страни синоќа постигнале договор за продолжување на соработката за уште две години. 32-годишниот Хакет ќе биде дел од составот на ЦСКА заклучно со јуни 2022 година.

Read More

Според информациите од Италија, напаѓачот од Брегот на лсонова коска, Жервињо, се вратил на тренинзите на Парма. 32-годишниот фудбалер остана без тим, откако се обиде да изнуди преселба во Ал-Сад на крајот на јануари, па неоправдано отсуствуваше од тренинзите на Парма три дена. Тој, наводно, се извинил за своето однесување и тренерот на Парма решил да го врати на „Енио Тардини“. „Кориере дело Спорт“ објави дека ситуацијата е решена по средбата меѓу играчот и раководството на тимот. Жервињо вчера бил на тренинзи со своите колеги и може да се очекува негово враќање во тимот за викенд дуелот со Сасуоло.

Read More

Раководството на Лестер продолжува со преговорите за нов договор со играчот за врска Џејмс Медисон. Разговорите меѓу двете страни започнаа во ноември минатата година, но досега не можат да се согласат да го обноват договорот на играчот. „Лисиците“ сакаат да ја наградат својата sвезда со подобар договор за да го обезбедат неговиот статус во клубот, а исто така се надеваат дека ќе ги одвратат кандидатите кои следново лето тргнуваат по него. Не е тајна дека Манчестер Јунајтед е многу заинтересиран за 23-годишниот англиски репрезентативец. „Црвените ѓаволи“ подготвуваат сериозна офанзива за него во текот на летото.

Read More

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, по ремито од 1-1 со Милан во Купот на Италија, изјави дека тимот има мал кризен период кој брзо треба да биде надминат. „Добро настапивме во текот на првиот дел, особено кога тие притискаа. Ја држевме топката премногу долго, наместо да играме со тоа. Со тоа го оставивме Роналдо целосно изолиран”, рече Сари по натпреварот. „Не сум загрижен. Нормално е да се биде во една ваква фаза. Многу работи во овој спорт зависат од физичката и психолошката состојба на одделни играчи”, дополнил тој.

Read More

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, по ремито со Јувентус во полуфиналето на Купот на Италија (1:1) отворено изјави дека смета дека пеналот за Јувентус за израмнување беше досуден неправилно. „Искрено, се налутив, бидејќи претходно имаше и фаул над Ибрахимовиќ. Покрај тоа, се сеќавам дека на почетокот на сезоната судиите покажаа сличен пенал на натпреварот Каљари – Бреша, па потоа го поништија велејќи дека е грешка бидејќи играчот не можел да ја види топката. Затоа, не разбирам што беше толку различно во оваа ситуација, затоа што Калабрија не ја виде топката која го удри во рака и немаше време да ја…

Read More

Екипата на Еурофарм Пелистер не успеа да испише историја и да обезбеди четврфинале во СЕХА Лигата. Вечерва во реванш осминафиналниот меч со Нексе пред полните трибини на салата „Боро Чурлевски“ во Битола, „пелистерци“ славеа но јалово, со само два гола разлика – 24:22. По поразот од 23:20 на првиот меч во Нашица, момците на Бабиќ имаа обврска да обезбедат победа од најмалку 4 гола за место во четврфиналето, но иако неколкупати беа во позиција да го скршат отпорот на противникот и да дојдат до потребната предност, на крајот потфрлија и тука ги завршија настапите во годинешното натпреварување. Јотиќ со пет…

Read More

Селекторот на машката сениорска кошаркаркс репрезентација на Македонија, Александар Тодоров, денеска го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета во наредниот период, на првите два натпревари од квалификациите за Европското првенство во 2021 година. Противници на нашите кошаркари ќе бидат селекцијата на Естонија и на Русија. Тодоров ги избра 15 кошаркари на кои ќе смета за време на подготовките и натпреварите во февруарскиот прозорец на ФИБА, односно квалификациите за ЕП 2021 година. СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ Војдан Стојановски (Гравелин-Данкерк-Франција) Шејн Витингтон (Реал Бетис-Шпанија) Стојан Ѓуроски (Евре-Франција) Ненад Димитријевиќ (Хувентуд-Шпанија) Андреј Јакимовски (РМ Баскет Торино–Италија) Марко Миловановиќ (Јуви Кремона Баскет–Италија)…

Read More

Македонската карате експедиција се врати со две бронзени медали од Европското првенство во Унгарија. На денешната прес-конференција во АМС, директорот Каевски потенцираше дека е задоволен и горд од настапите на нашите млади каратисти. „Драго ми е што како што ветивме пред неколку дена повторно сме тука за да им честитаме за успесите кои ги постигнаа. Нашите каратисти не преставија на највисоко ниво, освоивме две бронзени медали, две пети и две седми места, што покажува дека имаме континуитет“, вели Каевски. Еден од носителите на медал, Роберто Ацковски, вели дека оваа бронза од Будимпешта е само мотив за следните настапи. „Ова е…

Read More