Селекторот на машката сениорска кошаркаркс репрезентација на Македонија, Александар Тодоров, денеска го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета во наредниот период, на првите два натпревари од квалификациите за Европското првенство во 2021 година.
Противници на нашите кошаркари ќе бидат селекцијата на Естонија и на Русија.
Тодоров ги избра 15 кошаркари на кои ќе смета за време на подготовките и натпреварите во февруарскиот прозорец на ФИБА, односно квалификациите за ЕП 2021 година.
СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ
Војдан Стојановски (Гравелин-Данкерк-Франција)
Шејн Витингтон (Реал Бетис-Шпанија)
Стојан Ѓуроски (Евре-Франција)
Ненад Димитријевиќ (Хувентуд-Шпанија)
Андреј Јакимовски (РМ Баскет Торино–Италија)
Марко Миловановиќ (Јуви Кремона Баскет–Италија)
Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Андреј Маслинко (МЗТ Скопје Аеродром)
Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)
Љубомир Младеновски (Работнички-Скопје)
Виктор Ефремоски (Работнички-Скопје)
Филип Бакоч (Еуро Никел 2005–Кавадарци)
Марко Симоновски
Првиот натпревар со Естонија е закажан за 20. февруари во А1 Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, со почеток во 20.15 часот. Вториот е предвиден за 23. февруари, кога нашиот сениорски национален тим игра на гостински терен, во Перм, во 16. часот, против соодветната селекција на Русија.