Алберт Селадес, тренерот на Валенсија, смета дека неговиот тим не го кажал својот последен збор на двобојот со Аталанта во Лигата на шампионите и покрај огромниот пораз од 4:1 на мечот во Милано.
„Резултатот ги комплицира работите за нас. 1:4 не звучи добро. Разликата е во тоа што Аталанта ги искористи сите свои ситуации, а ние не. Се обидовме да се прилагодиме на ситуацијата и на моменти игравме добро. Бевме опасни во нападот и тоа ни дава надеж за реваншот“, смета Селадес.