Поранешниот напаѓач на Бразил и еден од најдобрите во историјата на фудбалот, Пеле ги отфрли шпекулациите дека е депресивен и ги увери своите фанови дека добро напредува.
Синот на Пеле, Едињо за весникот „Глобо“ рече дека трикратниот освојувач на Светскиот куп е депресивен и не сака да ја напушти својата куќа затоа што не е во можност да се движи добро по операцијата за замена на колкот.
„Јас сум во ред. Продолжувам да ги прифаќам моите физички ограничувања на најдобар можен начин. Имам добри и лоши денови. Ова е нормално за луѓето на моја возраст. Не се плашам, решен сум, сигурен сум во она што го правам“, вели Пеле, кој во октомври ќе наполни 80 години.