Херој на вечерта во Дортмунд, повторно беше Ерлинг Халанд. Во новата блескава вечер, Норвежанецот постигна два гол и ја обезбеди победата над ПСЖ од 2:1.
„Многу сум горд што ја добив наградата за најдобар играч на мечот, ама јас можам уште подобро. Вечерва добро одиграв, но знам дека морам да бидам уште подобар, па работам напорно за да напредувам. Овој резултат е доста опасен, зашто ПСЖ е многу силен тим. Сепак, мислам дека можеме да поминеме во вториот меч“, вели Халанд.