Челси, наводно, влегол во трка за да потпише договор со напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, објавија неколку италијански медиуми.
Калчомеркато шпекулира дека „сините“ би биле подготвени да му го понудат на Интер или Емерсон Палмиери или Марко Алонсо, плус кеш, во замена за Мартинез.
За Конте се знае дека е сака да го види Алонсо во својот тим, но останува да се види дали би бил подготвен да се откаже од еден од клучните играчи на Интер.
Аргентинецот има клаузула за ослободување од 111 милиони евра, но важи само за клубови надвор од Италија.