Author: saso

РК Еурофарм Пелистер денеска ги пушти во продажба билетите за престојниот натпревар од СЕХА лигата против екипата на Нексе кој се игра на 12 февруари во 20:15 часот во Битола. Цената на билетите изнесува 150 денари и истите ќе може да се набават преку kartieurofarm.mk. „Ве известуваме дека блок сезонските влезници за 2019/20 година важат за овој и за сите останати натпревари на нашиот клуб во Битола до крајот на сезоната. Верните подржувачи на РК Еурофарм Пелистер кои имаат вакви влезници непречено ќе можат да влезат во салата и да си ги завземат своите резервирани места. Сопствениците на полусезонски билети…

Read More

Кошаркарската репрезентација на Македонија овој месец ги започнува квалификациите за Евробаскетот во 2021 година. Нашите најдобри кошаркари во А1 АРЕНА на Спортски центар „Борис Трајковски“, на 20 февруари го играат првиот меч на домашен терен против Естонија, со почеток во 20:15 часот. КФСМ денеска соопшти дека билетите за натпреварот се пуштени во продажба по цена од 100 денари. Сите средства од продажбата на билетите ќе бидат донирани за ХУМАНИТАРНИ ЦЕЛИ. Продажбата на билети е започната предку продажната мрежа на „МК Тикетс“.

Read More

Стратешката група во Формула 1 за утре закажа состанок на кој ќе разговара за состојбата поврзана со Кинеското Гран При. Заради проблемот со коронавирусот во Кина, спортските настани масовно се откажуваат. На средбата со Стратешката група ќе се разговара за можно презакажување на кинеското Гран-при, што е закажано за 19 април, изјави Кристијан Хорнер, шеф на тимот на Ред Бул . „Секако, внимателно ја следиме ситуацијата. Сето ова ќе биде на агендата в среда на состанокот на стратешката група. Тогаш ќе ги дознаеме вестите. ФИА е регулаторот, Либерти Медија е промотор. Тие се одговорни за здравјето и благосостојбата не само…

Read More

Играчот од средниот ред на Барселона, Хрватот Иван Ракитиќ, може да заврши во Мадрид ова лето. Според информации презентирани на програмата на радиото Кадена СЕР, тој е следната голема цел за Атлетико Мадрид. Фудбалерот, кој ќе наполни 32 години во март, не се чувствува добро на „Камп Ноу“ и според извори блиски до него, бара начин за промена на средината. Барселона се обиде да се раздели со него двапати досега, вклучувајќи го во разни зделки, вклучително и за овој трансфер прозорец, но безуспешно. Тој има договор со Барса до летото 2021 година и по завршувањето на сезоната Барселона ќе има…

Read More

Напаѓачот Јирген Локадија стана играч на американскиот клуб Синсинати, член на МЛС лигата. Тој претходно играше во англиската Премиер лига за Брајтон. Синсинати го ангажираше играчот со постојан договор. 26-годишниот играч одигра два натпревари за Брајтон во Премиерлигата оваа сезона, како и 11 натпревари во Бундеслигата за Хофенхајм во кој постигна четири гола.

Read More

Раководството на турскиот прволигаш Трабзонспор го осуди расистичкиот испад на навивачите на Фенербахче кон нивниот фудбалер, Џон Оби Микел. Поранешниот играч од средниот ред на Челси беше нападнат со расна основа, откако неговиот тим го совлада турскиот гигант со 2-1. Клубот веќе поднесе тужба против одговорните за овој грд настан. „Расизмот е прибежиште за беспомошни и неуки“, напиша Трабзонспор.

Read More
NBA

Кошаркарите на Далас без повредениот Лука Дончиќ остварија важна победа на синоќашниот меч со Индијана на гостински терен. Предводени од Порзингис, Мавси обезбедија победа од 112:103 со што врза веќе втор последователен успех без својот најдобар кошаркар. Кристап Порзингис ја презеде улогата на Дончиќ, постигна 38 поени и 12 скока и беше најзаслужен за успехот кај Индијана. РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Орландо 100:112 Кливленд – Њујорк 134:139 (прод.) Индијана – Далас   103:112 Вашингтон – Голден Стејт           117:125 Атланта – Бостон   115:123 Бруклин – Феникс  119:97 Мајами – Филаделфија     137:106 Мемфис – Детроит            96:82 Сакраменто – Минесота   113:109 Л.А. Клиперс – Сан…

Read More

Елиф Елмас синоќа доби место во стартните 11 на Наполи за дуелот со Сампдорија и веднаш ја искористи шансата. Нашиот репрезентативец му врати на најдобар можен начин на тренерот Гатузо за укажаната доверба со гол. Елмас успеа да го постигне вториот гол за наполитанците против Сампдорија и по само 16. минути да му донесе водство на Наполи на гости од 2:0. Ова беше дебитански гол за македонскиот репрезентативец во дресот на италијанскиот тим, со што стана уште еден Македонец покрај Пандев, Несторовски, Трајковски, Панчев и Ибраими кој постигнал гол во Серија А лигата.

Read More

Откако беше на чекор од заминување од Динамо во текот на зимскиот преоден рок, македонскиот репрезентативец Аријан Адеми денеска ја продолжи лојалноста кон Динамо за следните пет години. Тој потпиша нов договор со клубот до 2025 година. „Порано кажав дека си одам, но во еден момент видов дека ова не е вистинскиот пат за мене и дека не е тоа што го сакав во животот. Се предомислив. На овој начин му се извинувам на Крунослав Јурчиќ, не беше во ред ни професионално тоа што го направив“, изјави Адеми. „Ќе останам во Динамо до крајот на мојата кариера, освен ако има…

Read More

Новак Ѓоковиќ по осмипат е освојувач на Австралија Опен. Во неверојатно возбудливо финале во Мелбурн, Србинот се врати од негатива од 2:1 во сетови на дуелот со Австриецот Доминик Тим за да дојде до победа од 3:2 (6:4, 4:6, 2:6, 6:3, 6:4). Освен осмата титула и одбраната на трофејот од минатата сезона, Ѓоковиќ успеа да се врати и на првото место на АТП листата симнувајќи го од врвот Рафаел Надал.

Read More