Елиф Елмас синоќа доби место во стартните 11 на Наполи за дуелот со Сампдорија и веднаш ја искористи шансата. Нашиот репрезентативец му врати на најдобар можен начин на тренерот Гатузо за укажаната доверба со гол.
Елмас успеа да го постигне вториот гол за наполитанците против Сампдорија и по само 16. минути да му донесе водство на Наполи на гости од 2:0. Ова беше дебитански гол за македонскиот репрезентативец во дресот на италијанскиот тим, со што стана уште еден Македонец покрај Пандев, Несторовски, Трајковски, Панчев и Ибраими кој постигнал гол во Серија А лигата.

