Стратешката група во Формула 1 за утре закажа состанок на кој ќе разговара за состојбата поврзана со Кинеското Гран При. Заради проблемот со коронавирусот во Кина, спортските настани масовно се откажуваат.
На средбата со Стратешката група ќе се разговара за можно презакажување на кинеското Гран-при, што е закажано за 19 април, изјави Кристијан Хорнер, шеф на тимот на Ред Бул .
„Секако, внимателно ја следиме ситуацијата. Сето ова ќе биде на агендата в среда на состанокот на стратешката група. Тогаш ќе ги дознаеме вестите.
ФИА е регулаторот, Либерти Медија е промотор. Тие се одговорни за здравјето и благосостојбата не само на тркачите, туку и на сите други вработени, како и на новинарите“, вели Хорнер.