Играчот од средниот ред на Барселона, Хрватот Иван Ракитиќ, може да заврши во Мадрид ова лето. Според информации презентирани на програмата на радиото Кадена СЕР, тој е следната голема цел за Атлетико Мадрид.
Фудбалерот, кој ќе наполни 32 години во март, не се чувствува добро на „Камп Ноу“ и според извори блиски до него, бара начин за промена на средината.
Барселона се обиде да се раздели со него двапати досега, вклучувајќи го во разни зделки, вклучително и за овој трансфер прозорец, но безуспешно. Тој има договор со Барса до летото 2021 година и по завршувањето на сезоната Барселона ќе има последна шанса да се раздели со него за соодветна трансферна сума.