Раководството на турскиот прволигаш Трабзонспор го осуди расистичкиот испад на навивачите на Фенербахче кон нивниот фудбалер, Џон Оби Микел. Поранешниот играч од средниот ред на Челси беше нападнат со расна основа, откако неговиот тим го совлада турскиот гигант со 2-1.
Клубот веќе поднесе тужба против одговорните за овој грд настан.
„Расизмот е прибежиште за беспомошни и неуки“, напиша Трабзонспор.

