Напаѓачот Јирген Локадија стана играч на американскиот клуб Синсинати, член на МЛС лигата.
Тој претходно играше во англиската Премиер лига за Брајтон. Синсинати го ангажираше играчот со постојан договор. 26-годишниот играч одигра два натпревари за Брајтон во Премиерлигата оваа сезона, како и 11 натпревари во Бундеслигата за Хофенхајм во кој постигна четири гола.