Кошаркарската репрезентација на Македонија овој месец ги започнува квалификациите за Евробаскетот во 2021 година. Нашите најдобри кошаркари во А1 АРЕНА на Спортски центар „Борис Трајковски“, на 20 февруари го играат првиот меч на домашен терен против Естонија, со почеток во 20:15 часот.
КФСМ денеска соопшти дека билетите за натпреварот се пуштени во продажба по цена од 100 денари.
Сите средства од продажбата на билетите ќе бидат донирани за ХУМАНИТАРНИ ЦЕЛИ. Продажбата на билети е започната предку продажната мрежа на „МК Тикетс“.