Од Кина преку Италија, Дрис Мертенс на крајот може да зварши во Англија. Според веста која денеска ја објави весникот „Дејли Меил“, напаѓачот на Наполи е мета на неколку англиски премиерлигашки тимови – Манчестер Јунајтед, Арсенал и Челзи.
Сите имаат погодтвено понуди за Белгиецот, кој ова лето си заминува од Неапол. Тие ќе се обидат да го убедат да се пресели кај нив како слободен играч.
Претходно беше објавено дека Мертенс за нов договор сака да добие 7,5 милиони евра годишно, сума која веројатно нема да биде проблем за премиерлигашите.