Еуженио Корини повеќе не е тренер на Бреша. Клубот официјално ги објави вестите на својата клупска страница.
„Бреша објавува дека го разрешува Корини од тренерското место. Клубот му се заблагодари и на него и на неговиот тим за покажаниот професионализам и посветеност“, напишаа на клупската веб-страна.
За Корини, ова е втор отказ во Бреша. Медиумите во Италија споменуваат дека главен фаворит за нов тренер на тимот е Диего Лопез. Уругваецот има искуство во италијанскиот фудбал со екипите на Каљари, Болоња и Палермо.