Во пријателски меч одигран претпладнево во Анталија, фудбалерите на Македонија ЃП беа поразени од украински Шахтјор Доњецк со 2:0. Украинскиот тим и двата гола ги постигна во првото полувреме на мечот.
Тете во 13. минута погоди за предност на славниот украински тим од 1:0, додека 44. минута Фернандо ја зголеми предноста и на 2:0.
Украинскиот тим имаше многу шанси во текот на првиот дел, додека во вториот дел ѓорчепетровци одигра амногу подобро, но немаа вистинска шанса да погодок.

