Спортскиот директор на Милан, Звонимир Бобан, потврди дека првиот напаѓач на тимот Златан Ибрахимовиќ ќе биде во составот за мечот со Интер.
„Можам да потврдам дека Златан ќе игра против Интер. Не ризикувавме со негово вклучување во составот за Верона, но сега тој е во ред. Но, пред сè, би сакал да ги истакнам неговите човечки квалитети. Кога Ибрахимовиќ пристигна во Милано, моментот за сите нас беше крајно деликатен. Сепак, го разбра ова, го почувствува и се однесуваше како вистински шампион. Веќе успеа да влијае на другите момци и стана вистински лидер на Милан“, вели Бобан.