Фантастичните навивачи на Борусија Дортмунд од познатата трибина „Жолт ѕид“ на „Сигнал Идуна Парк“ беа клучни во изборот на Ерлинг Халанд да потпише со клубот.
Директорот на оваа екипа, Михаел Цорк откри како младиот Норвежанец бил убеден да ја прифати понудата на германскиот клуб, откако истовремено имал други предлози.
„Му покажавме видео од секторот со овие наши навивачи на„ Јужната трибина“и изгледа дека тоа му се допадна“, призна Цорк во „Билд“.
„Моравме да понудиме нешто исклучително, затоа што не е тајна дека другите популарни клубови дадоа се од себе за да го искористат тоа. Бев како мало дете кога разговарав со менаџерот на Ерлинг, Мино Рајола и тоа на Бадник за да го потврдам договорот“ истакна Цорк.
Борусија му плати на Салцбург 20 милиони евра за 19-годишниот фудбалер кој опдлично се снајде при неговото доаѓање во Борусија каде постигна 8 гола на 4 настапи.

