Новото засилување за Ливерпул Такуми Минамино вели дека никогаш нема да ја заборави првата средба со Јирген Клоп по неговото пристигнување во Англија.
Јапонецот се уште се навикнува на новата средина и не добива многу шанса за настап, меѓутоа истакна дека бил импресиониран од Јирген Клоп кој срдечно го пречекал во клубот.
„Никогаш нема да ги заборавам неговите зборови. Два или три дена откако дојдов во клубот ми рече да уживам во играта и да играм како што сакам јас. Таа слобода ме воодушеви“, изјави Минамино.

