Креаторот на играта на германски РБ Лајпциг, Кевин Кампл, ќе биде надвор од терените најмалку еден месец по операцијата на глуждот, изјави тренер на тимот, Џулијан Нагелсман. Словенецот се уште има болки и нема да продолжи со тренинзи уште неколку недели.
“Очекуваме Кевин да се врати во игра на почетокот на март, но тоа зависи од нивото на болка во глуждот. Но, тоа е нормално со вакви повреди”, рече Нагелсман.