Кристијан Ериксен денеска треба да пристигне во Милано за да биде подложен на лекарски прегледи во Интер. Тој и официјално ќе тане нов член на четата на Антонио Конте, откако двата клуба постигнаа договор за трансфер вреден 20 милиони евра.
Данскиот играч од средниот ред ќе наполни 28 години следниот месец и е последното засилување за Антонио Конте во јануарскиот преоден рок по Ешли Јанг и Виктор Мозес.
Тој ќе лета од Лондон утрово, а потоа ќе замине на прегледи во клиниката „Хуманитас“ во Милано.
