По трагичната смрт на еден од најдобрите кошаркари во историјата, Коби Брајант, играчите во НБА започнаа да се откажуваат од бројките кои беа симбол и асоцијација за Коби.
Спенсер Динвиди од Бруклин прв се одлучи на таков чекор. Тој играше со бројот 8, но во продолжение од сезоната ќе го носи дресот со бројот 26. Динвиди објасни дека и бројот 26 има симболика и е поврзан со Брајант. Тоа е збирот на бројот 24 кој исто така го носеше Коби и бројот 2 кој го носеше неговата ќерка Џиџи, која исто така загина во хеликоптерската несреќа.
На менување на дресот се одлучи и Теренс Рос од Орландо, кој во остатокот од сезоната ќе игра со бројот 31.