Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром ќе мора наредниот домашен натпревар од АБА 2 лигата да го игра пред празни трибини, а згора на тоа да плати и парична казна од 15.000 евра, како санкција за однесувањето на навивачите и прекинот на дуелот во СЦ „Јане Сандански“ против Сутјеска.
Овој меч, на кој „металците“ забележаа рутинска победа, беше прекинат поради однесувањето на најверните фанови на аеродромци, а судиите бараа салата да биде испразнета.
Според тоа, следниот меч на „штрковите“ на 30 јануари против Хелиос Домжале ќе се игра пред празни трибини во „Јане Сандански“.