Селекторот на репрезентацијата на Австрија, Алеш Пајовиќ, и честиташе н Хрватска за одличниот настап на ЕП и и порача дека има сили за златен медал.
„Им честитам на Хрватска на нивната победа. Тие одиграа навистина добро. Исто така, ги следев во првото коло и уште од тогаш ги сметам за кандидати да медал. Знаев дека ќе имаме проблеми со нивната одбрана 5-1 со Дувњак напред. Се обидовме да ги најдеме нашите шанси, но дури и кога ги најдовме, немавме среќа. Сега и посакувам среќа на Хрватска и се надевам ќе играат добро како и досега“, вели Пајовиќ.

