Author: saso

Поранешниот селектор на репрезентацијата на Хрватска, Жељко Бабиќ, и официјално е назначен за нов тренер на Еурофарм Пелистер. Бабиќ е поранешен тренер и на Загреб, Мешков Брест и Горење Велење. Како селектор со ракометната репрезентација на Хрватска, на Европското првенство во Полска 2016 година го освои бронзениот медал. „Жељко Бабиќ е докажан ракометен стручњак, кој во нашиот проект влегува со голем ентузијам и желба за постигнување на врвни резултати и се разбира враќање на ракометните титули во најракометниот град – Битола. Управата на РК Еурофарм Пелистер му посакува едно огромно добредојде, многу заеднички успеси и долготрајна соработка“, се вели во…

Read More

Унгарската ракометна федерација денеска објави дека ја раскинува соработката со досегашниот селектор на женската репрезентацијата, Ким Расмусен. Тој во иднина веќе нема да ја изврши функцијата селектор, бидејќи УО на Федерацијата проценил дека не го постигнал очекуваниот напредок во четирите години како селектор на Унгарија. За ваква одлука веројатно придонесе и суспензијата на Расмусен од Меѓународната ракометна федерација, поради навредливи коментари за судењето на олимписките квалификации. До изборот на нов селектор, репрезентацијата на Унгарија ќе ја водат тренерите на Ѓер и Ференцварош, Дани и Елек Габор.

Read More

Поранешниот менаџер на Арсенал, Унаи Емери, изјави дека сака да се врати во шпанскиот шампионат. „Нема да отфрлам никакви опции. Гледам на работите реално. Сега имам посета на некои градови во Шпанија. Имаше одреден интерес од шпанските клубови, но сè уште нема понуди. Би сакал да се вратам во Ла Лига“, вели Емери во интервју за радиото Кадена Сер. Емери го предводеше Арсенал на стартот на оваа сезона, но беше заменет поради слабите резултати и моментнално е без ангажман.

Read More

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Ешли Јанг може да продолжи кариера во италијанскиот шампионат. Според извори од Италија, италијанскиот клуб е подготвен да му понуди на Јанг договор до 2021 година. Нов клуб на искусниот Јанг може да биде Интер, каде Антонио Конте лично сака да го види во својот состав. Јанг има договор со Манчестер Ј. кој завршува во текот на летото, а тој има право да влезе во преговори со други клубови токму сега. 34-годишниот дефанзивец е исто така подготвен да ја прифати понудата на тимот на Интер, велат извори блиски до него.

Read More

По вчерашниот пораз на градското дерби со Манчестер Сити во полуфиналето на Лига Купот, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер изјави дека првото полувреме било најлошото откако тој го води тимот. „Црвените ѓаволи“ загубија на „Олд Трафорд“ со 1:3 од својот градски ривал и се многу близу до елимининација. „Тоа беше најслабото прво полувреме што екипата го одиграла под мое водство. Воопшто не игравме во првата половина. Бевме ментално пропаднати, ништо не функционираше во нашата игра. Знам дека моите момци можат да направат многу повеќе и го видов тоа во вториот дел. Мислам дека по паузата започнавме да ја…

Read More

Агентот на ѕвездата на Кристал Палас, Вилфред Заха, започна нови преговори со Тотенхем околу можниот трансфер на офанзивниот фудбалер. Заха беше многу блиску да го напушти „Селхрст Парк“ минатото лето, но потенцијалниот трансфер на напаѓачот го блокираше сопственикот на клубот Стив Париш, откако екипата ја напушти Арон Ван-Бисака. Оваа година, сепак, се чини дека Заха ќе добие шанса да заигра за некој од најголемите премиерлигашки тимови. Начелно, Заха има преддоговор со Тотенхем, кој останува да биде потврден до крајот на сезоната, што практично значи дека Заха ќе стане нов фудбалер на Тотенхем во јуни.

Read More

Астон Вила има намера да го доведе полскиот напаѓач од екипата на Милан, Кшиштоф Пјонтек. Иако од Италија стигнаа вести дека во јануарскиот преоден рок Полјакот не е расположен за промена на средината, според извори од клубот од Бирмингем, таму веќе се размислува за можноста да понудат висока сума за голгетерот. Во случај на продажба, Милан има намера да добие 32 милиони евра за него. Претходно се појавија информации дека за него е заинтересиран и лондонски Вест Хем.

Read More

Германскиот фудбалски гигант Баерн (М) на официјалната веб-страница го објави назначувањето на Оливер Кан како нов функционер во тимот. Во текот на следните две години, 50-годишниот Кан ќе му помага на претседателот на одборот на Баварците, Карл-Хајнц Румениге, а потоа ќе го замени на таа функција. „Играв во Баерн 14 години. Беше прекрасно, многу емотивно време. Невозможно е по такво време едноставно да го напуштите клубот и да заборавите на тоа. Оттогаш многу работи се променија, но ДНК-та на клубот остана иста. Продолжувањето на успешните традиции на овој клуб е посебен предизвик. Кога дојде понудата, не размислував долго да ја…

Read More

Ракометната репрезентација на Македонија денеска отпатува за Словенија, каде ќе ги одработи последните подготовки за европскиот шампионат што стартува за седум дена во Австрија. Според планот, нашите ракометари треба да одржат два тренинзи до првиот контролен натпревар, што  утре ќе го одиграме против селекцијата на Словенија предводена од новиот селектор Љубомир Врањеш. Потоа „црвено-жолтите“ ќе одиграат уште еден пријателски меч во Словенија, противник ќе им биде Црна Гора, што воедно ќе биде и „генералка“ за настапите на европскиот шампионат.

Read More

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, ќе помине извесно време надвор од терените откако доби повреда на првиот меч во новата година. Тој се повреди вчера на гостувањето кај Саутемптон кој неговиот тим го загуби со 1:0. Кејн го напушти теренот во второто полувреме. „Никогаш не е добра вест кога зборуваме за повреда. Да, има болки и засега не можам да ви кажам ништо подетално“, изјави Мурињо на пресот по средбата. „Хари не е машина. Тој треба да има и време за одмор“, додаде тој. До крајот на неделава ќе биде јасно колку време првиот голгетер на Спарс ќе отсуствува од…

Read More