Ракометната репрезентација на Македонија денеска отпатува за Словенија, каде ќе ги одработи последните подготовки за европскиот шампионат што стартува за седум дена во Австрија.
Според планот, нашите ракометари треба да одржат два тренинзи до првиот контролен натпревар, што утре ќе го одиграме против селекцијата на Словенија предводена од новиот селектор Љубомир Врањеш. Потоа „црвено-жолтите“ ќе одиграат уште еден пријателски меч во Словенија, противник ќе им биде Црна Гора, што воедно ќе биде и „генералка“ за настапите на европскиот шампионат.

