Поранешниот менаџер на Арсенал, Унаи Емери, изјави дека сака да се врати во шпанскиот шампионат.
„Нема да отфрлам никакви опции. Гледам на работите реално. Сега имам посета на некои градови во Шпанија. Имаше одреден интерес од шпанските клубови, но сè уште нема понуди. Би сакал да се вратам во Ла Лига“, вели Емери во интервју за радиото Кадена Сер.
Емери го предводеше Арсенал на стартот на оваа сезона, но беше заменет поради слабите резултати и моментнално е без ангажман.

