Поранешниот селектор на репрезентацијата на Хрватска, Жељко Бабиќ, и официјално е назначен за нов тренер на Еурофарм Пелистер. Бабиќ е поранешен тренер и на Загреб, Мешков Брест и Горење Велење.
Како селектор со ракометната репрезентација на Хрватска, на Европското првенство во Полска 2016 година го освои бронзениот медал.
„Жељко Бабиќ е докажан ракометен стручњак, кој во нашиот проект влегува со голем ентузијам и желба за постигнување на врвни резултати и се разбира враќање на ракометните титули во најракометниот град – Битола. Управата на РК Еурофарм Пелистер му посакува едно огромно добредојде, многу заеднички успеси и долготрајна соработка“, се вели во клупското соопштение.