Германскиот фудбалски гигант Баерн (М) на официјалната веб-страница го објави назначувањето на Оливер Кан како нов функционер во тимот.
Во текот на следните две години, 50-годишниот Кан ќе му помага на претседателот на одборот на Баварците, Карл-Хајнц Румениге, а потоа ќе го замени на таа функција.
„Играв во Баерн 14 години. Беше прекрасно, многу емотивно време. Невозможно е по такво време едноставно да го напуштите клубот и да заборавите на тоа. Оттогаш многу работи се променија, но ДНК-та на клубот остана иста. Продолжувањето на успешните традиции на овој клуб е посебен предизвик. Кога дојде понудата, не размислував долго да ја продолжам оваа успешна приказна, да продолжам да победуваме и, можеби, да одговорам на големиот предизвик кој му одговара“, изјави Кан.

