Агентот на ѕвездата на Кристал Палас, Вилфред Заха, започна нови преговори со Тотенхем околу можниот трансфер на офанзивниот фудбалер.
Заха беше многу блиску да го напушти „Селхрст Парк“ минатото лето, но потенцијалниот трансфер на напаѓачот го блокираше сопственикот на клубот Стив Париш, откако екипата ја напушти Арон Ван-Бисака.
Оваа година, сепак, се чини дека Заха ќе добие шанса да заигра за некој од најголемите премиерлигашки тимови. Начелно, Заха има преддоговор со Тотенхем, кој останува да биде потврден до крајот на сезоната, што практично значи дека Заха ќе стане нов фудбалер на Тотенхем во јуни.