По вчерашниот пораз на градското дерби со Манчестер Сити во полуфиналето на Лига Купот, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер изјави дека првото полувреме било најлошото откако тој го води тимот.
„Црвените ѓаволи“ загубија на „Олд Трафорд“ со 1:3 од својот градски ривал и се многу близу до елимининација.
„Тоа беше најслабото прво полувреме што екипата го одиграла под мое водство. Воопшто не игравме во првата половина. Бевме ментално пропаднати, ништо не функционираше во нашата игра. Знам дека моите момци можат да направат многу повеќе и го видов тоа во вториот дел. Мислам дека по паузата започнавме да ја преземаме одговорноста за нашите постапки и на крајот бевме многу подобри, но за жал претходно дозволивме да примиме три гола“, изјавил Солскјер.